🎥 Јанушев: Сите кои се занимаваат со јавни функции ќе треба да докажат од каде и како го стекнале имотот – ветинг за судиите, политичарите

You must need to login..!

Опис

Најавивме три крупни инвестиции кои ќе ги обелодениме веднаш после победата. Приватните компании, особено големите чиишто акции котираат на берза, нивното објавување пред да се „стави на хартија“ може да донесе до извесни поместувања. И она што џентлменски сме го договориле нормално е да го испочитуваме, изјави во Утрински брифинг, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Програмата која што беше планирана да се презентира пред изборите кои беа закажани за 12 април е различна од оваа програма која што ја имаме сега – не многу но е реадаптирана, бидејќи периодот после одложувањето на изборите па се до нивното новото закажување – 15 јули го искористивме да ја ревидираме програмата пред да ја финализираме, односно да ја адаптираме на новонастаната ситуација. Затоа во сите јавни настапи укажуваме дека ова што е дадено во „Проектот обнова“ и се она што стои во него ќе го реализираме, изјави Јанушев во врска со проблемите и поместувањата кои што се случија со КОВИД-19 кризата.

-Четирите милијарди инвестиции подразбираат и домашни и странски инвестиции. Доколку ја погледнете програмата ќе видите дека ова не е неостварливо, напротив мислам дека можеме и нешто повеќе од тоа.

-Доколку сакаме да си ги „легализираме“ парите нема година дена да предложуваме односно во кампањата да бараме од СДСМ да се произнесат што мислат за Закон за имот на политичарите. Тоа е една од нашите обврски и по формирањето на владата ќе донесеме еден таков закон.

-Ние сметаме дека т.н финансиска оаза е добро за сите, нешто што ќе донесе повисок стандард, покажување на плати ќе ијаме додадена вредност преку влез на фирми. Не ни е идејата да вратиме капитал од непознато потекло да вратиме во државата, воопшто не ни сме размислувале за тоа, додаде Јанушев.

-Сите кои се занимаваат со јавни функции, особено политичарите, ќе треба да докажат од каде и како го стекнале својот имот. Без исклучок сите кои се занимаваат со јавни функции ќе одговораат преку судска постапка и тука не планираме да го имитираме Заев и да изигруваме џелати, обвинители, судии, кадии и се останато. Со закон и законски решенија ќе биде пропишано, никој никого нема да бајпасира, напротив ќе ја зајакнеме соработката и ќе создадеме еден кохезивен систем помеѓу Јавното обвинистелство и ДКСК.

-Ќе ги земеме добрите практики од модерните европски држави каде функционира овој систем. Ќе дадеме експертите да направат еден добар закон и како законот налага така и ќе се постапува.

Ќе спроведеме ветинг за да провериме од каде доаѓа капиталот на секој политичар и секој кој што се занимава со оваа работа. Никој нема да ја избегне ваквата проверка со која ќе се докаже од каде е стекнат имотот и капиталот. Ако сакате да се занимавате со ова мора да бидете чесни пред законот, изјави за Утрински брифинг, Игор Јанушев генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ.

Јанушев додава дека за секој за кој ќе биде докажано дека на нечесен, криминален начин се стекнал со капитал и имот ќе се соочи со законот односно на суд ќе треба да докаже од каде му е сопственоста на она што го има. Со ветингот ќе бидат опфатени сите и од времето на Љупчо и Бранко. Ветингот нема да ги прескокне и судиите со што ќе се докаже и како биле донесувани досегашните пресуди, вели генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ.

–Ние Груевски ниту сме го избркале, ниту планираме да враќаме некого. Слободна држава сме, треба да се почитува законот и секој што правел криминал требад а одговара – мислам дека вистинското прашање е што се случи со одговорноста за заминувањето, изјави Јанушев.

Целиот разговор со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + 15 =