Јанкуловски: За да влезеш меѓу најдобрите пет треба да имаш ремек дело – „Медена земја“ е тоа

You must need to login..!

Опис

Сите сме утрово по малку разочарани, но ние многу добивме. Самиот факт дека дојдовме до две номинации на Оскарите е една огромна добивка за сите. За цела Македонија и за сите филмаџии што сме тука. Јас мислев дека Оскарот за најдобар документарен филм секако е наш. Така и настапував деновиве, но конкуренцијата е огромна.

Сите тие филмови се едни врвни дела и иако слушаме дека има доста ургенции, врски итн.. за да се влезе во тие пет филма треба да се има перфектно, одлично дело.

Било кој филм од тие да добие Оскар немаше да биде никаква грешка. Тие се ремек дела, изјави во Утрински брифинг Роберт Јанкуловски, директор на ЕСРА.

Кога прв пат го видов на „Браќа Манаки“ помислив: Македонската кинематографија треба да се дели на до „Медена земја“ и после „Медена земја“. Тоа звучи нескромно, но јас стојам на тоа. Ова е филм кој иако не е правен по учебник, треба од него да произлезе учебник.

Ние сите што се занимаваме со едукација од областа на филмските уметности, треба да им предаваме на студентите, или оние кои студираат документарна режија, во прва година да им се пушти тој филм и да им се рече – колеги повелете во четврта година со вашиот дипломски труд.

Во „Медена земја“ од стручен аспект е се кажано, вели Јанкуловски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × two =