март 13, 2020 5005 Нема коментари
You must need to login..!
Опис
Мерките и препораките од владата со цел спречување на ширењето на Коронавирусот ги опфаќа и настаните од областа на културата меѓу кои секако и кината во Македонија.
Гостинка во Скопски агол на Утрински брифинг беше Билјана Јанкуловска од Синеплекс која изјави дека оваа компанија ги следи препораките на сите влади во државите каде што има свој ланец на кина.
Се што моментално беше планирано да биде на репертоар ќе си продолжи од денот на отворањето на киното. За жал врз премиерите не можеме да влијаеме. Некои се одложени и на светско ниво. Бонд е преместен за ноември, но вчера одекна вест и дека се одложени и дизни филмовите, вели Јанкуловска.