Јане Чаловски: За поздрав е ревизијата во Министерство за култура, но тоа треба да ги исполни и обврските

You must need to login..!

Опис

Министерството за култура соопшти дека нема да ги исплаќа средствата за проектите до завршување на финансиските контроли, со цел заштита на буџетските средства. „Ова е нова ситуација и не може до крај да се предвиди како оваа одлука ќе влијае врз одвивањето на културниот живот во државата“, вели Јане Чаловски, претседател на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена.

„Она што го знаеме е дека оние проекти кои се уредно спроведени во 2020 година, уредно аплицирании и со уредно аплицирани со комплетен извештај доставен на време во Министерството за кулура – не би требало да трпат заради некој друг процес како што е оваа прилично обемна ревизија, која била спроведена од септември, минатата година. Веруваме дека доколку не се исплатат тие средства кои им се должат на организациите коишто уредно ја завршиле својата програма и предале завршни извештаи, тогаш е сигурно дека оваа одлука негативно ќе влијае. Сите веќе работиме со мали и многу скромни буџети, се наоѓаме пред затварање на фискалната 2020 година, која се затвора буквално овие денови, така што финансискиот притисок кон помалите организации во културата е навистина значителен.

Очекуваме Министерството да има капацитет да спроведе повеќе процеси истовремено: едниот е оваа ревизија, која всушност ја поздравуваме и мислиме дека беше очекувана, можеби не во идеално време, но секако беше и наша заложба да видиме како се работело сие овие години, но од друга страна, очекуваме Министерството да ги исполни своите обврски кон уредно спроведените проекти во минатата година. Понатаму, ние би сакале да видиме и точно и транспарентно да се објасни што понатаму со тие државни средства од еден милион евра, кои веројатно се од неколку буџетски години. Каква намена ќе имаат тие? Верувам дека власта ќе има одговорен пристап и кон тоа а ние како граѓански сектор сме подготвени да допринесеме во дебатата што со тие средства, како да се помогне на широкиот културен сектор во кој велгуваат независните, но и институциите од културата“, вели за Утрински брифинг, Јане Чаловски.

Тој додава дека исплатата на средствата за проектите кои не се спорни не би требало да трае повеќе од еден месец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × one =