Јане и Вангел: Спорт за сите – да ја симнеме стигмата за луѓето со попреченост

You must need to login..!

Опис

Со проектот „Спорт за сите“ сакаме спортот да биде достапен за сите подеднакво. Нашата визија е дека луѓето кои што се занимаваат со спорт се посреќни, посамоуверени и можат да постигнат повеќе во општеството.

Конкретно проектот е за луѓето со попреченост и нивниот пристап кон спортот. Ме фрапираше податокот, имајќи предвид дека околу 15% од луѓето би требале да имаат некоја попреченост, не ги гледате низ градов. Одговорот е дека се кријат дома.

Нашата цел е да ги извадиме, интегрираме во општеството. Спортот е нешто преку кое можеме да го постигнеме тоа, изјави Вангел Тракаљанов, спортист, падобранец по хоби.

Се уште постојат стигми за лицата со попреченост. Се уште се нарекуваат инвалиди, односно не валидни, не соодветни да пристапат кон општеството и општествените текови како што треба.

Затоа се почесто во секојдневната комуникација јас го форсирам терминот попреченост, односно имаат нешто што ги спречува да прават работи, кои типичното население може да ги прави без пречка. Но со одрени приспособувања, адаптивни спортови, лицата со попреченост можат да практикуваат и зимски и летни спортови, изјави Јане Стефанов, говорејќи за прифаќањето, односно неприфаќањето на лицата со попреченост, како и влијанието на спортот на овие лица.

Во рамките на нашиот проект финасиран од ЕУ, спроведен од УНДП со учество на општина Ресен, ние имавме спортови како скијање, пливање и нуркање, па кајак, па потоа велосипеди на рачен погон.

За опремата можат да се информираат во Проспорт, може да ме контактираат мене, вели Вангел.

За адаптирање на попреченоста опремата е различна. Велосипедот што го вози Јане е ммногу поразличен од оној на Јанкула. Нивната попреченост диктира како средство ќе има, додава Вангел.

Се фокусиравме на Преспанскиот регион бидејќи Преспа има идеални услови за луѓето со попреченост. Имено, климата е добра, водата е блиску и пристапна и општината е многу спремна за соработка.

Наредниот чекор е тоа да биде низ цела Македонија. Се надеваме дека во иднина сите луѓе со попреченост ќе можат да се пријават на камповите и да дојдат да се занимаваат со некои спортови, вели Вангел.

Имам пријатели и знам дека интересот за спорт се зголемува постојано. Проблемот е што луѓето ги немаат видено овие активности да ги прави некој. Им изгледа далечно сето ова. Но кога ќе се соочат со предизвикот на планина, на езеро, на било каков спортски терен се однесуваат поразлично.

о прифаќаат како можно и нешто во кое ќе се пронајдат. Сите заинтересирани можат да ме побараат на 077 666 006, на фејсбук, рече Јане Стефанов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × four =