Јаневски: Цената на струјата стана астрономска и под знак прашање се стави функционирањето на компаниите кои се зависни од електричната енергија

You must need to login..!

Опис

-Не се работи само за вклучувањето на ТЕЦ Неготино туку тука е и Осломеј, се појавија повеќе идеи за вклучување на повеќе домашни капацитети. Во моментов 60 – 70 проценти се произведува дома остатокот се увезува.

-Сега цената на струјата стана астрономска и под знак прашање се стави функционирањето на компаниите кои се зависни од електричната енергија. Цената за нив сега е пет пати повисока.

-Макстил и Фени се огромни потрошувачи на струја. Ако се вратиме на цените пред летото цената би била околи 12 милиони евра само за Макстил. Сега доколку тоа го помножите со 5 тоа е голем предизвик за да се преживее.

-Генерално во Европа се однесува оваа енергетска криза, и не само со електричната енергија туку и со гасот. Се појавува недостаток на гас во Европа и сето тоа мора да се компензира со друг енергенс, а тоа пак предизвикува раст на цената на електричната енергија.

-Според проценките на берзата Јануари цената на струјата ќе биде многу висока, а тоа важи и за првиот квартал од идната година. Дури после тоа може да очекуваме некое намалување но тоа нема да биде тоа што било изминатава година.

-Сведоци сме дека низ историјата имало многу нафтени шокови. Нафтата и гасот се поврзани, гасот ја прати цената на нафтата. Цената на нафтата ја одредуваат големите сили, таа во моментов е зголемена но не е драстично како со електричната енергија.

-Ситуацијата со нафтата не може да кажеме дека е стабилна и за очекување се одредени скокови.

-ТЕЦ Неготино во овој период почнува да ги полни резервоарите… Количината што е одредена за едномесечна работа е обезбедена. Производството на ТЕЦ Неготино е скапо 150 – 160 евра мо во споредба со цената на струјата на слободниот пазар таа е за половина и повеќе поевтина, вели за Утрински брифинг Б Д-р. Ристо Јаневски претседавач со Стопанската комора и директор за стратешки развој во ОКТА.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three + 10 =