Дали и годинава ќе чекаме снегот да го скрие ѓубрето пред странските туристи

You must need to login..!

Опис

Македонија располага со огромни потенцијали за привлекување на туристи и тоа не само од земјава и од регионот туку и на туристи кои би доаѓале и од подалечните земји.

Вистина е дека пандемијата од корона вирусот ги затвори сите земји, но оваа година со отворањето на границите се отворија и можностите за искористување на овој потенцијал.

Но за да се издигне овој сектор на уште повисоко ниво неопходна е промоција и маркетинг, но и брзо прилагодување бидејќи новата реалност во туризмот значи промена на таргетите и фокусот на пазари кон кои ќе се цели.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

-2020 година во која што се трудевме со сет на владини мерки заедно со туристичкиот сектор да ги задржиме сите работни места во туристичкиот сектор. Според одредени статистики според Светската туристичка организација секое петто вработување е во туристичкиот сектор..

-2021 некако успеавме да ја менаџириме самата криза со пандемијата и би ја оценил многу поуспешна од 2020.

-Ако говоревме во 2020 да имаме што помал минус во туристичкиот сектор, не само во Македонија, туку и во светот, и падот во македонски рамки беше околу 50%, веќе 2021 година успевме да ја зголемиме бројката на туристи за 40 до 50% во нашата држава и се надеваме дека 2021 година да ја завршиме 2.2 милиони ноќевања, вели Јаневски.

-Од пандемијата може многу да научиме. Да научиме што значи кризно менаџирање во туризмот, додава Јаневски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one + 2 =