Јаневска: Две недели е доволно за да се подготви соодветна настава

You must need to login..!

Опис

-Ние официјално побаравме да се одложи распустот на учениците за две недели. Прво за да ги заштитиме учениците заради нивното здравје, да ги заштитиме нивните семјества, да го растеретиме здравствениот систем, да функционира полежерно во овие тешки денови.

-Имам впечаток дека Комисијата за заразни болести кога одлучи да не се одложува распустот, не мислеше многу сериозно на здравјето на младите, но не мислеше ни на енергетската криза. Затоа мислам дека Владата одлучи заради енергетската криза, не толку заради здравјето на децата да го одложи распустот. Но добро е и заради едното и заради другото.

-Ако училиштата се ладни децата не ожат да учат и можеби нема да довијат омикрон, но воспаление на белите дробови сигурно ќе добијат, особено затоа што уште важат оние препораки дека треба да се работи со отворени прозори.

-Со одложувањето прво би ги заштитиле децата од студот, а државата нема средства и ќе овозможи заштита и се надевам дека две недели не се малку за новата Влада да изнајде начин како да го реши проблемот и со парното греење и со другот греење во училиштата. Општините се во долгови оставени, но и во првото полугодие имаше проблем со греењето, вели за Утрински брифинг Весна Јаневска од ВМРО ДПМНЕ.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 − five =