Јакшиќ: Политиката има влијание врз Црквите, овојпат и СПЦ и МПЦ добија благослов од световните власти

You must need to login..!

Опис

Бошко Јакшиќ е едно од најпознатите имиња на некогашното југословенско новинарство и известувач на „Политика“ . Во Утрински брифинг со Јакшиќ овој пат разговаравме за новонастанатата ситуација околу односите помеѓу СПЦ и МПЦ-ОА.

-Сите јавувања на медиумите околу затоплувањето на односите помеѓу двете цркве се исклучително позитивни. Не само во црковните кругови, туку и во официјалната политика. Она што е интересно е тоа што дава значење на средбата, е тоа што се гледа колку црковните односи можат да бидат во корист на стабилност или нестабилност, вели Јакшиќ.

-Нерешените односи, повеќе од половина век, предизвикаа големи политички потреси. Само да се потсетиме што се случуваше со Владиката Јован. Сега е спротивна ситуацијата. Сега се отвораат вратите не само на воспоставување на Канонско единство помеѓу двете цркви, туку се отвора простор за добрите односи кои секогаш постоеле помеѓу двата народи, потенцира Јакшиќ.

Во разговорот се вклучи и новинарот и аналитичар Дејан Андоновиќ.

86-ти ден од руската инвазизија во Украина. Борбите се концентрираат околу Донбаск и се чини дека војната влегува во клучната фаза.

-Украинскиот претседател Зеленски со драматично предупредување дека војната влегува во најкрвавата фаза.

Бајден пак со порака нема да има војници во Украина, туку ќе има американско оружје, анализира Андоновиќ.

Целата анализа со новинарот и аналитичар Дејан Андоновиќ и Бошко Јакшиќ известувач на „Политика“, погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × one =