Јакимовски: Со мораториумот за градба во некои општини, се прави штета на компании и на дополнителни 27 индустриски гранки

You must need to login..!

Опис

Тоа што ние како градежна комора направивме анализа и доставивме барање имаше цел заради тоа што секторот високо – градба придвижува уште 27 дополнителни индустрии. Во изминативе три години се соочивме со проблеми кои настанаа во делот на Општина Центар со воведување на мораториумот и со дел од општина Карпош каде се укинаа ДУП-ови кај што беа предвидени одредени градби. ВО ова што го нудиме се група на компании кои веќе имаат приватна сопственост на земјиште имаат проекти на кои се чека реализиација. Се покажа дека со водењето на мораториум се прави штета пред се на компаниите, но и на дополнителните индустриски гранки, изјави во Утрински брифинг, претседателот на градежната комора Ивица Јакимовски.

-Ние размислуваме како бизнисмени. Не постои можност да имаме некаков развој без градежништвото. Се она што не поврзува во реалниот живот е градежништвото. Ние подадовме рака со самиот момент кога дојдоа новите градоначалници и понудивме соработка. Невозможно е да се подобрат условите доколку не се вклучат сите инволвирани страни, вели Јакимовски.

-Она што се гради и што ќе се изгради е резултат на она што како ДУП го донеле општините. ДУП се носи во повеќе фази, а негов изработувач е општината, која што го поминува градот како филтер и Министерството за транспорт и врски. Значи невозможна мисија е да се исполнуваат желби на одредена компанија. Тоа што се нарекува „градежна мафија“ и се испревртуваат одредени реалности ќе наметнам прашање – како е можно да постои градежна мафија во приватен имот, ако знаеме дека компаниите кои учествуваат во градба се приватни компании, додава Јакимовски.

Целиот разговор со претседателот на градежната комора Ивица Јакимовски погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + 2 =