Јадроски: Потребна е информативна и превентивна улога на Комисијата за заштита од дискриминација – нејзино доближување до граѓаните, нивно информирање што е дискриминација и начини на заштита

You must need to login..!

Опис

Избрани сме пред три и пол месеци. Комисијата од тогаш почнува д аги извршува сите законски надлежности. Работиме на случаи, работиме по претставки, гледаме да ја работиме онаа превентивната улога на Комисијата, да ја доближиме до граѓаните, но од друга страна работиме и на оној административно -технички дел – воспоставување на институцијата од нула, изјави во Утрински брифинг Игор Јадровски, член на Комисија за заштита од дискриминација.

Согласно законот Комисијата сега треба да има стручна служба која што ќе може да ја олесни и доплни работата на Комисијата. Во фаза сме на правење на една мини систематизација, следната година планираме да имаме повеќе вработени, додава Јадровски.

Од кога го добивме мандатот ги преземавме претставките кои беа поднесени пред предходната Комисија, но и претставки кои беа поднесувани во оној вакуум период кога немаше ниту Закон, ниту Комисија. Со тие стари претставки ние имаме околу 80 предмети, што е навистина еден голем број за првите три месеци ако се земе предвид дека во моментот сме 6 членови. Предизвик е да се одработат сите тие, но ние сме прилично големи ентуизијасти и работиме. Претставките се распределни кај различни комесари, но од оние предмети што јас ги имам кај мене дискриминација има по секакви основи, но иам и дискриманција без некаков основ. Интересно е шшто голем дел од претставките не се однесуват на дискриминација, односно правниот проблем кој што е адресиран или не е дискириминација или пак воопшто не е правен проблем, што укажува на еден друг проблем и стратешко поле на кое ќе работиме, а тоа е информативна и превентивна улога на Комисијата, односно доближување до граѓаните, нивно информирање што е дискриминација и начини на заштита, вели Јадровски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine − five =