Јадровски: Комисијата е наменета за превенција од дискриминација, може да укаже на нејзино постоење

You must need to login..!

Опис

Дискриминацијата е широко распространета во земјава, но има групи кои се особено подложени на оваа негативна појава. ЛГБТИ заедницата е постојано изложена на дискриминација, но и на физички закани.

-Неопходна е превентивна улога и поголема законска заштита. Комисијата има многу мек опсег на прашања, реагира само кога има говор на омраза и слично, а кога веќе има ситуации на сторени кривични дела тогаш постапуваат други органи кои го спроведуваат закони. Нејзината функција главно е насочена кон подигање на свеста. Соработуваме со општините со цел да се децентрализира работата на комисијата и да се доближи до граѓаните, вели Игор Јадровски од Комисија за заштита од дискриминација.

Има случаи и кога јавната свест не е главната причина туку има ситуации на агресија кога е поврзана со промена на власта како што е случајот кога во Тетово физички беа нападнати припадници на ЛГБТИ заедницата.

-Системска дискриминација постои и Комисијата на ова реагира со препораки. Проблемот е неказнивоста на делата направени поради омраза. Имаше такви напади и во Скопје, вели Јадровски.

Постои и дискриминација кон жените. Но, се чини дека органите на прогонот некако не нѐ сфаќаат сериозно. Истото се однесува и насемејното насилство, имено, секоја трета жена е жртва на семејно насилство, психичко или физичко.

-Перцепцијата е таква, а некои институции и не си ги препознаваат надлежностите за да реагираат. Но понекогаш и граѓаните сметаат дека некои институции треба да реагираат иако немаат ингеренции за тоа. Комисијата е корективно тело, а не репресивно тело. Нашите наоди можат да бидат користени во понатамошни постапки, вели Јадровски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × 3 =