Јавно-приватно партнерство во здравството – бенефит за сите или за поединци, разговор со Д-р Митов

You must need to login..!

Опис

Според мене многу важен момент е да се расчистат две работи. Прво прашање е процедурата низ која работите како јавно приватно партнество во сферата на здравството се поставуваат на маса. Легитимитетот потекнува од процедурата. Мора да видиме како тоа е дојдено да биде тема. Ако зборот јавно-приватно партнерство не можете да го најдете во владината програма тогаш немате мандат за да влегувате во такво нешто. Таков еден прокет – јавно -приватно партнерство значи суштинска промена на нешто државно и ако го промените тој статус тоа ќе има реперкусии години после вашиот мандат. Затоа прво треба да биде одбрено на избори како идеја и второ да има јасен процес на создавање на политика пред очите на јавноста со инволвирање на сите стручни аспекти. Се друго ќе создаде сомнеж дека нешто некој сака да протне под тепих, изјави во Утрински брифинг, Д-р Александар Митов.

Јавното – приватно партнерство во здравство не може да биде во есенцијалите делови од здравствениот систем. Што треба да се пази – да не се пази „лукративните делови од здравствениот систем“ што се особено од интерес на приватните здравствени установи да се дозволи да се одберат најдобрите делови каде што би имале бенефит.

Целиот разговор и анализа погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + ten =