Јавниот дискурс поважен од личните препирки

You must need to login..!

Опис

Влегуваме во предизборен период. Новинарите се соочени со проблем да се прави интервју со политичари а да не се навлага во оние пропангадистички потреби кои ги имаат соговорниците. За тој предизвик во Британија на широко се дискутира, бидејќи британското новинарство освен што е врвно во светот е и најконфронтативно. Таму се најагресивните, но и најдобро подгвотвените новинари. Општествените прилики таму наметнуваат разговори кои секогаш завршуваат со конфронтации, со одредени незадоволства кај публиката.

За новинарот Столе Наумов Велика Британија е доста интересен и битен пример. Како што вели, не случајно таму се прават тие пресеци во новинарството.

– Пред Брегзитот многу лаги пројдоа. Имаше страв и плашење. Мислам дека сето тоа, новинарите со таа конфронтација се обиделе тоа да го разобличат, да дадат вистинска информација на граѓанинот, а нема вистинска демократија без барем малку информиран гласач. Но во тоа мноштво, во тој хаос на информации, особено во денешната дигитална ера, мислам дека се создаде еден галиматијас, каде што граѓанинот не можеше да го види вистинското светло и многу лаги пројдоа. Но сметам дека тој конфронтирачки начин, таа дрскост, треба да се задржи, но да не се премине таа граница на културата. Сметам дека новинарите треба повеќе да се фокусираат на објаснување на пораките, програмите и анализа на нивната остварливост, вели Наумов.

За новинарот Горан Момировски, проблемот во македонското новинарство е во неизбалансираноста.

– Тоа што јас се обидувам да го направам е во ист момент да бидете аргументирани, да бидете објективни и да бидете атрактивни. Тоа е и задача на сите нас. Тоа е најтешката формула но мора да се стремиме натаму. И новинарите се скандал мајстори и генерално македонското новинарство се претвори во процес кој што зависи од скандали. Ако немате скандал, не постоите. Ако збориме за умни работи, за жал емисијава нема да биде гледана. Публиката не е подготвена за нешто нормално. . Се навикнавме на ненормални работи последниве 20 години и сега се што е нормално изгледа дека е ненормално.

-Политичарите кога ќе дојдат во студио се разбира дека нема да сакаат за работи кои што допираат до два или три посто од населението, туку до најголем дел од луѓето и тоа во последно време многу умешно го прават, вели Момировски.

Новинарката Билјана Секуловска смета дека немаме конфротативно новинарство и дека македонското новинарство е бледо, конзервативно, неинвентивно и неинтересно.

– Не станува збор дека ги критикувам моите колеги, тие се образовани, информирани, шармантни. Проблемот е со експлозијата на медиумите во Македонија. Тоа доведе до неквалитетно новинарство. Секојдневно се продуцираат дебати. Тука е експлозијата и на интерент новинарството, која доведе до вулгаризација, тривилизација, блуидизација на новинарството. Секојдневно ги гледаме дебатите на традиционалните медиуми, но премногу има секакви и непроверени информации на социјалните медиуми и заради тоа имаме неквалитетно новинарство, вели Секуловска.

Политичарот апсолутно нема право и не смее да одбие национална телевизија без разлика дали е опозициски настроена. Претходниот премиер, Заев, во неколку наврати рече ќе дојде, сака да дојде, Забрчанец рече ќе дојде, не доаѓа. Зошто страв? Што ќе изгуби? Шилегов беше, мислам дека доби, смета Момировски.

– Приватно на политичарите можеби нема никој да им се допаѓа, но нив им е обврска да одат особено во опозициски, критички медиуми. Проблемот во Македонија не е во едуцираноста или квалификуваноста на новинарите. Проблемот е во политичарите. Имаме слаб ПР. Не дека тие не се квалификувани, туку едноставно политичарите одбиваат комуникација со критичките новинари. Проблемот е што политичарите исто така не ги подготвуваат за интервјуа. Претпоставувам дека тие и одбиваат да бидат подготвнувани, бидејќи мислат дека се компетентни и паметни, смета Секуловска.

– Треба малку креатвивност и менување на вокабуларот кај новинарите. Уште поголем проблем е кога треба да се направи дебата со повеќе луѓе. Не доаѓаат бидејќи бираат со кого би седнеле на маса. И тоа се често банални причини, бидејќи не се трпат, бидејќи не се мирисаат. Нашите политичари треба да се едуцираат дека личните препреки треба да бидат надвор од политиката, додаде Наумов.

Момировски смета дека е преголем бројот на дебатни емисии, а има премалку квалитетни соговорници кои се подготвени јавно да говорат.

– Паметните луѓе се имаат откажано од јавниот дискурс бидејќи мислат дека не можат ништо да променат. Тоа е сериозен проблем кога има голем одлив на мозоци. Некои не добиваат ни дозвола да гостуваат. Ако не се смени нешто во регулативата, дури и намалување на бројот на телевизии, па и партиите секако треба да се отворат. Бидејќи тие имаат пет-шест одбрани луѓе коишто се подготвени да говорат на повеќе теми и знаат да издржат удари.

Наумов вели дека новинарите да бидат малку самокритични.

– Многу од дебатите се прават ради реда. Немаме продукции, немаме подлабоки анализи, немаме анкети, не се излегува на терен. Еден е се, од продуцент до водител, до организатор…земете ги за пример проектите кои се финансирани од странство. Сите тие кога ќе обезбедат буџет, инсистираат најмалку на 10 луѓе кои ќе застанат зад една емисија. Јас не верувам дека во дебатните емисии низ телевизиите работат повеќе од двајца-тројца луѓе.

Биљана Секуловска проблемот го детектира и кај сопствениците, бидејќи тие не сакаат да вложуваат во човечки капитал.

– Техниката не се сомневам дека ја имаат. Но при едно истражување, каде што се истражуваа особено платите – техничкиот и новинарскиот кадар е мизерно платен за разлика од главните уредници кои се во оска со сопствениците.

За Момировски секоја промена што може да донесе квалитетна дебата вреди. Според него главниот проблем сигурно е прашањата кои би биле поставувани.

– За практика, Алфа од 100.000 до 200.000 гледачи, сигурно  има 50.000 кои менуваат страна. Зошто соговорниците не пробуваат нив да им се наметнат?

Наумов вели дека парите се главниот проблем, бидејќи сопствениците очекуваат еден човек да работи се, од монтажер до водител.

– Воедно, ако се земат в предвид дневниците во Македонија на разните телевизии, ќе забележете дека можеби тонот или некој збор е поразличен за одредена тема. Има ли разлика во вестите? Ние сме претвроени во сервис.

Како да се одбраниме од нивото на говорот на социјалните мрежи?

Биљана Секуловска смета дека казнивост е единствениот начин за одбрана од говорот на омраза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + 9 =