Ѓорѓиевски: Ја возобновуваме манифестацијата Водици, по пауза од 15 години

You must need to login..!

Опис

Празникот Богојавление Водици, на кој ќе бидат осветени сите води, утре традиционално ќе се одржи во сите градови и населени места во Македонија. Верниците како и секоја година се пријавуваат за да го фатат осветениот крст, кој се верува дека носи здравје и среќа на среќникот што ќе го фати.

По петнаесет години пауза, традицијата се возобновува и во Кисела Вода, каде во базенот Расадник ќе се фрли осветениот крст. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ги повика граѓаните да присуствуват на оваа верска манифестација, почитувајќи ги ковид протоколите.

  • Јас и мојот тим одлучивме да ја вратиме оваа стара манифестација. Освен што е голем верски празник, ова претставува и момент за обединување на нашиот народ. Заинтересираните можат да се пријават до 18 часот денеска, а според моите информации има огромен интерес. Засега нема ниту една пријавена девојка, но се надевам дека до крајот на пријавувањето ќе се пријави барем една, рече денеска во Утрински брифинг градоначалникот Ѓеорѓиевски.

На настанот ќе има присуство на медицински екипи како и екипи од Црвениот крст кој ќе дејствуваат во случај на несреќа.

  • Манифестацијата утре ќе започне во 12 часот, чинот на осветување на водата ќе го врши отец Благоја од црквата Св. Ѓорѓија. За тој што ќе успее прв да доплиа до крстот се предвидени награди. Јас ги повикувам граѓаните да присуствуваат на овој настан, притоа почитувајќи ги ковид протоколите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × 4 =