Ѓорѓиевски: Општина Кисела Вода ќе добие „Парк на иднината“

You must need to login..!

Опис

Населбата Припор во Општина Кисела Вода пролетва ќе добие нов модерен парк кој ќе ја замени досегашната дива депонија.

Финализирањето на урбаното катче најавено е за пролетва, а во моментов таму во тек се градежните активности. Според најавите се очекува да има голем број содржини за сите возрасни групи кои овој простор сега ќе може да го користат за рекреација и релаксирање.

Нов парк во наредниот период ќе се изгради и во населбата Драчево на местото на поранешната депонија Дупница.

Градските власти велат дека до сега успеале да исчистат 20 поголеми депонии, а целта е сите овие места да бидат заменети со зелени површини.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Ние сме во напредна фаза со градежните активности, така што оваа пролет паркот би требало да биде ставен во функција.

-Овој парк ќе биде на површина од околу 4000 метри квадратни и ќе се нудат најразлични содржини за сите генерации – од зеленило, урбана опрема, клупи, летниковци, фонтана, а нормално се погриживме и за најмладите да има соддржина.

-Името на паркот е „Паркот на иднината“ и ќе биде самоодржлив од два аспекта – на летниковците ќе има поставено фотоволтаици со кои што напојувањето на електричната енергија во време на енергетска криза многу би значело, односно осветлувањето да биде самоодржливо. Исто така водата е преку ископан бунар за фонтаната и ќе се користат природните ресурси без притоа да ја чини Општината, а сите ќе можат да уживаат.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eight − 2 =