Ѓорчев: Улогата на родителите е незаменлива, но потребна е и поцврста законска регулатива за превенција од „јавни соби“

You must need to login..!

Опис

Скандалозната група „Јавна соба“ по една година повторно е во центарот на вниманието на јавноста. Откако одредено време беше запрена активноста на членовите кои јавно објавуваа експлицитни фотографии на малолетни девојчиња, деновиве повторно предизвика силни реакции, откако дел од жртвите јавно проговорија за злоупотребите и вознемирувањата. Овој случај е клучен показател за недостатокот на капацитети во институциите, за непрофесионално постапување и за неспроведување на законите кога се работи за сексуалното вознемирување и родово базираното насилство, велат познавачите.

Во групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ која броеше околу 7.000 членови се споделени околу илјадници фотографии и видеа со најразлични содржини на сексуално вознемирување. МВР истражува кој стоел зад групата и веќе приведе четири лица, а сега таа е затворена, но се појавија информации дека се отвораат и други слични групи.

Како родител ова е непријатно потсетување на она што се случува на дневна основа. Сите ние сме родители, некои имаат внуци, некои се дедовци и сите сме изложени на сето ова. Така што ова нека биде поттик за една поширока акција и да се обидеме да го превенираме и редуцираме. Како држава доцниме со таа легислатива што требаше да ја имаме. Јас ја поздравувам оваа измена во Законот каде што кривично ќе се одговара за „демнење“, но истовремено мислам дека треба малку повеќе да се направи со интернет регулативите и да се заштитат децата од несаканите страни на голбалните мрежи, изјави во Утрински брифинг, Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Секоја една помала „јавна соба“, значи помалку жртви и не дај Боже уништени животи. Јас ќе направам споредба со деството во осумдесетите, седумдесетите. Порано кога детето беше во неговата соба, тоа беше на најбезбедното место. Но со оваа технологија, кога детето е во својата соба, преку комјутерските уреди, тоа може да биде изложено на најголемите предатори во целиот свет, вели Ѓорчев и препорачува многу повеќе да има подесување на parental software.

Со оглед на годините, децата да немаат пристап до содржини кои што не се адекватни за нивните години. Институциите ова мора да го популаризираат и да се укаже на родителите. Да им овозможиме на децата да бидат деца. Сепак треба да имаат заштита која ќе им овозможи да се тоа што се, вели Ѓорчев.

Улогата на родителите е незаменлива. Ние како родители треба да бидеме тие кои што ќе кажеме – ова е предалеку. Ако треба и ќе се убедуваме, ќе се објаснуваме, но тоа мора да се направи. Кога децата ќе отидат до степен на старлетизација на општеството, тука е улогата на родителите. Но родителите многу повеќе ќе имаат гласност, доколку одговорните луѓе во државата гласно тоа го артикулираат, додава Ѓорчев.

Ова се навистина важни прашања кои во буквално ја засегаат иднината на нашите деца. Благодетите од интернетот се големи, но и ризиците се огромни, а не треба да ги потцениме. Мислам дека во парламентот треба да се дискутира за овие прашања и имено ова може да биде тема која што ќе ги зближи опозцијата и власта, смета Ѓорчев.

Целиот разговор со Влатко Ѓорчев погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − 11 =