Шулевски: Во Германија професорите нѐ туркаат да навлегуваме во иновациите во технологијата

You must need to login..!

Опис

Ако сакате вашите деца да се враќаат дома, корупцијата и корумпираните треба да ги осудите, а војската, полицијата и научниците добро да ги платите, има речено Голда Меир. Во Утрински брифинг разговаравме за тоа што сѐ ги одвраќа од дома младите што се школуваат во странство Мартин Шулевски, германски магистранд, фотоника и квантни технологии

-Јас тука завршив средно образование, матурирав и влегов во германскиот образовен систем, на Универзитетот во Улм па во Брауншвејг. Овој универзитет е насочен кон примена на квантните технологии во различни области. Со мојот смер се отвораат многу врати и можности. Таа струка се применува во електрониката, медицината, прехранбената индустија. Нас професорите нѐ туркаат да навлегуваме во иновациите во технологијата, вели Шулевски.

Тој вели дека професорите ги ангажираат студентите да работат на реални проекти и ги поттикнуваат да читаат за најновите достигнувања, што значи дека во Германија има одличен менторски систем. Освен тоа, условите за студирање се многу подобри и моралните вредности се сосема поинакви во Германија.

-Би сакал Македонија да се отвори за технолошките предизвици, а системот да им овозможи на младите кои студираат во странство да се вратат назад и да работат во домашните фирми, а има добри фирми, вели Шулевски за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × one =