Што се крие зад конфликтот Јакимовски – Град Скопје

You must need to login..!

Опис

Очигледно е дека има некое сериозно недоразбирање помеѓу Град Скопје и Општина Карпош. Имено пред два дена градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, информираше дека со неговиот тим направиле обиколка по улиците и булеварите низ Карпош што се во надлежност на градот, затоа што имале забелешка за тоа како се оддржува хигиената на овие улици. При таа обиколка забележале дека има само четворица хигиеничари од „Комунална“, од кои што по еден на „Илинденска“ и на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кои што метеле и двајца кај „Симпо“ кои што седеле и ништо не работеле. НАредниот ден ја повториле обиколкатата и повторно забележале слична ситуација и тој затоа јавно ги повика „Комунална хигиена“ да почнат да си вршат контрола, за тоа како работат нивните вработени на терен во Карпош, изјави за Утрински брифинг новинарката на Слободен печат Анета Стојковска.

8

-„Комунална хигиена“ не реагираше никако во јавност, но според тоа што го кажува Јакимовски, им испратила четворица инспектори кои забраниле на општинските хигиеничари да го фрлаат отпадот во контејнерите, додаде Стојковска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

14 + 5 =