Штетните влијанија на хидро-електраните врз еко системите, но и човечките животи, разговор со Чоловиќ Лешоска од Еко – свест

You must need to login..!

Опис

Оваа недела испративме писмо до премиерот, објаснувајќи ги штетните влијанија на хидро-електраните врз еко системите, но и човечките животи. Побаравме укинување н аконцесиит екои веќе се дадени, конкретно за Шар планина, и побаравме прекинување на механизмот на субвенционирање на малите хидро-електрани, изјави во Утрински брифинг, Ана Чоловиќ Лешоска, Еко – свест.

Има повеќе аспекти на штетноста на малите хидро-електрани. Прво, директно влијаат врз речните корита, а со тоа на целиот жив свет во реките и околу реките. нашите анализи на избрани локации покажаа дека еко системот буквално изумира после зафатите. Она што треба да се забележи, во заштитени подрачја каде имаме висок степен на разновидност, доколку се стават хидро-електрани нивното влијание е огромно. За да се изгради една хидро-електрана мора да се изградат патишта, а тоа на долг рок тоа води и кон криволовство, кражба и сеча на дрво. Се јавува и огромен степен на ерозија. Ова е еколошкиот момент, но има и момент – влијание на човековиот секојдневен живот. Бележиме и граѓани кои за време на летните месеци останувале без вода, бидејќи зафатите влијаат и во овој сегмент. Се ова е затоа што немаме соодветна регулатива, вели Чоловиќ Лешоска од Еко – свест.

Целиот разговор со Ана Чоловиќ Лешоска од Еко – свест погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + seven =