Штеријев: Дефинитивно, инфлацијата како економски феномен ќе влијае на општествените движења

You must need to login..!

Опис

Берзите се огледало на политичките и економските односи особено после развојот на настаните во Украина.

-Само најголемите светски берзи имаат широка лепеза на котирани компании и кај нив може да се каже дека движењето на берзите целосно ја отсликуваат структурата и динамиката на целокупната економија. Повеќето помали берзи, меѓу кои и нашата, има структура на котирани компании која не ја отсликува целата економија, изјави во Утрински брифинг Иван Штеријев, директор на Македонска берза.

-Познато е дека кај нас доминираат банките, неколку компании од фармацевтската индустрија, од градежништвото, телекомуникациите, но нема цели сегменти кои што се многу битни за целокупната наша економија. Се што не е Акционерско друштво, не е на берзата, така што коментирањето на резултатите на котираните компании секогаш да го има предвид ова.

-Вкупната агрегирана добивка на 73 од 91 компанија која рапортираше, изнесува речиси 300 милиони евра и е зголемување во однос на претходната година за цели 23%.

-Големите банки, главните компании во секторот на фармација, градежништво и индустрија покажаа доста добри резултати и оттука се произведуваат овие добри бројки, што беа проследени со добар промет и раст на цени, вели Штеријев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × 5 =