Штеријев: Во економијата не е се црно бело, резултатите се одлични

You must need to login..!

Опис

-Глобалните пазари на капитал веке подолго време се во една уникатна состојба по големата финансиска светска криза по што дојде до еден голем пораст на светските берзи.

-Со почетокот на пандемијата имаше одреден пад, а потоа се случи тотална неизвесност. Каматните стапки потоа отидоа дури и во минус. По глобалните финансиски инекции сите падови се елиминираа, па базата на добивките на компаниите забележаа раст, за сега да бележат добри резултати.

Во втората половина годинава дојде до други неочекувани економски појави, инфлација, енергетски шокови, но инвеститорите сѐ уште се еуфорични. Прогнозите се однесуваат колку брзо и како ќе се одвиваат инфлаторните движења. Од големите банки некои се пооптимистични, некои поумерени.

Можеби како берза не сме репрезент на целокупната економија но дел од економијата може да се разгледува преку тргувањето на берзата.

Ако идеме со дополнителна структирна анализа најдобриот промет очекуваме да се достигне до крајот на оваа година. Во тргувањето со акциите исто така имаме добри резултати. Ланската година прометот беше вонредно висок со оглед на кризата предизвикана од пандемијата.

Во економијата не е се црно бело резултатите се одлични вели во Утрински брифинг Директорот на Македонска берза, Иван Штеријев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − 1 =