Шољаковски: Кај нас владеат персонални политики, а ова што опозицијата го прави личи на подготовка за враќање на Груевски

You must need to login..!

Опис

Политичката неартикулираност е карактеристична за балканските земји, па и ние ја имаме. Мицкоски блокира Собрание, од друга страна најавува дека ќе добие 61 пратеник… Очигледно таков е капацитетот на регионот. Кај нас владеат персонални политики и политики на помали групи, а ова што опозицијата го прави наликува на подготовка за враќање на Никола Груевски, човекот од кој ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се огради, вели за Утрински брифинг нвинарот Александар Шољаковски.

-Опозицијата меѓу другото служи да ја дополнува власта, односно, да го посочи она што треба да го направи власта а не го направила и како тоа треба да се направи. Нашата опозиција не го прави тоа. Нашата опозиција на сѐ реагија со излитената фраза – сакаме нови избори. Не можам да поверувам дека во опозицијата има такви игноранти кои немаат никаков капацитет, веи Шољаковски.

Во врска со политиките на градоналничката Данела Арсовска, која вчера не се ни појави на седница на град Скопје, а на позицијата дојде со помош и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, Шољаковски коментира дека не се занимава со ништо.

-Ако ништо друго, барем со елементарни работи треба да се занимава, улиците не се измиени не знам од кога. Таква некомпетентност е невидена, вели Шољаковски.

Доколку Бугарија реши да го задржи ветото Македонија не може да стори ништо оти и покажа дека не може да стори нешто, коментира Шољаковски.

Проследете го целиот разговор во виде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × three =