Шоптрајанова: Делото на маестро Џамбазов треба да се вгради во образованиот систем

You must need to login..!

Опис

Легендарниот композитор и диригент и втемелувач на македонската детска и популарна музика Александар Џамбазов почина на 25 јануари. Кога ќе си заминат луѓето што својот живот и творештво во вградиле во развојот на македнската култура се поставува прашањето како треба да се чува тоа нивно наследство.

„Некои од неговите најпознати песни како ‘Гулаби бели’, ‘Мојата учителка’, ‘За сите деца’ и секако химничната песна за Скопје ‘Градот убав пак ќе никне’ никогаш нема да се заборават и да згаснат дури и ако не знаеме дека се негови песни, тие секогаш ќе живеат. Но она што секогаш ме зачудува и јавно го коментирам е зошто ние тоа не го изучуваме во образованието. Ова важи за литературата, но уште повеќе за музичката, драмската и ликовната уметност. Ние учиме за основополжниците на нашата култура во литературата, додека многу малку или речиси не ги изучуваме основоположниците на музиката или сликарството. Тоа е нешто што треба да стане дел од редовното образование, макар и како факултативна содржина. Многу се израдував на реформите во образованието кои што предвидуваа ваква можност, некој наставник да се зафати да изработи програма за своето училиште или за повеќе училишта. Не правиме довлно да се документира, да се обработи музиколошки па и да се изведуваат тие дела ккао што на пример, се изведуваат делата на Кол Портер“, вели за Утрински брифинг, Јасна Шоптрајанова, која го познавала и соработувала со маестро Џамбазов.

Зорица Поп Панкова, еден од легендарните македонски пејачи на забавна музика, се сеќава на Џамбазов:

„Најмногу во сеќавање ќе ми остане неговата насмевка, затоа што секогаш беше широка и искрена и неговата човечност. За него ќе зборувам во сегашно време, зашто не можам да се помирам со ова што се случи, што го носи животот. Тој за мене е сонце, знае да влее самодоверба во пејачите, секогаш знаеше да каже дека се’ ќе биде добро, се’ ќе биде во ред. Се случу на фестивалот во Опатија, 1982 година кога ја пеев „Цветови“, текст на Славко Јаневски, доаѓам на проба и не можам да влезам во песната, маестро се чуди и ми вели: ‘Зорче ти си со апсолутен слух, што се случува, ајде полека, полека, ајде јас ќе ти интонирам’. Беше едноставен човек, не се чувстваше како една големина, основоположник на македонската забавна музика“, раскажува Поп Панкова.

Во разговорот за маестро Александар Џамбазов се вклучи и диригентката Јасмина Ѓорѓевска која, пред 32 години се пријавила на аудиција за „Златно славејче“. Се сеќавам дека аудицијата ја водеше самиот маестро Џамбазов, имав голема трема, но засекогаш ќе ми остане во сеќавање неговата топлина, спонтаност и ни влеа самодоверба“. Повеќе од разговорот погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × two =