Шопова: Курбиново ќе биде ставено на листата на УНЕСКО

You must need to login..!

Опис

Македонија треба поинтензивно да работи да се впише на светската мапа на културата, бидејќи сме малку присутни на светската сцена, смета Јасмина Шопова, од неодамна советничка на министерката за култура, која има долгогодишно искуство во УНЕСКО. Шопова соопшти дека е започната процедура за впишување на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Курбиново во листата на светско кулурно богатство на УНЕСКО.

„Нашата земја веќе има запишано пет елементи од националното културно наследство во УНЕСКО како нематеријални добра, но потоа имало пауза од неколку години и сега работиме за повторно интензивирање на соработката со УНЕСКО во овој дел. Најголемиот чекор што го направивме за овие два месеци е започнувањето на процедурата за запишување на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново на светската листа на културни добра на УНЕСКО. Тоа е долг процес. Сите знаеме дека имаме едно културно добро запишано на таа престжна листа и тоа е Охрид, кој е меѓу првите и е од 1979 година. Од тогаш до сега немаме запишано ниту едно друго национално добро. Тоа се многу години, во меѓувреме тоа е проширено на Охридски регион, тоа е направено, меѓутоа, не повеќе од тоа. Сега се променети процедурите и треба да се впише доброто на една листа која се нарекува пробна и за којашто се прави елаборат што треба да се развива неколку години. И тоа е направено. Сметам дека тоа е голем чекор. Придобивките од впишувањето на Курбиново можат да бидат огромни, но се’ зависи од нас.

Познато е дека тоа е прашање на престиж и не случајно повеќе од 190 земји членки на УНЕСКО буквално се борат за да впишат некое нивно добро на таа листа. Се работи за сликата на земјата. Имаме култура со која може да се гордееме но тоа треба да го покажеме и надвор и за тоа се потребни напори и многу работа. Второ, меѓународна помош, значи меѓународни експерти. Не треба да заборавиме дека уште пред да постои Меѓународната конвенција за културно наследство чиј резултат е таа престижна листа, УНЕСКО уште во 50- и 60-тите години помогна да се реставрираат црквите во Охрид.

Ние имаме експерти, но не во доволно голем број и затоа таа помош ни е многу потребна. Трето се економските придобивки од култуните добра коишто ние, повторно зависи од нас, може да ги добиеме. Неодамна имаше извештај во којшто се вели дека во Велика Британија има 76 култуни добра или институти кои ја носат етикетата УНСЕКО, тоа можат да бидат катедри на факултетите, научни центри, нематеријални и материјални културни добра и тие на Британија и’ носат 180 милиони евра годишно.

Ако ние имаме 6 впишани култуни добра тоа би значело дека тие ни носат околу 15 милиони евра. Дали ни носат толку средства, не знам, но ако се работи на тоа, ако се развива културен туризам, да се добиваат фондови за публикации, да се работат проекти кои генерираат средства, тоа значи културата, како што знаеме, носи приход “, вели Шопова за Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 1 =