Шиковска: Сите заедно да придонесеме во решавањето на проблемите и предизвиците со кои се сочуваат Ромите

You must need to login..!

Опис

За мене е посебен ден бидејќи за прв пат денеска напладне ќе се формира интерпартиска парламентарна група за поддршка на Ромите чија цел ќе биде нивна поддршка, инклузија и интеграција во нашата држава.

Целта ни е во оваа група каде ќе има пратеници од сите политички партии сите заедно да придонесеме во решавањето на проблемите и предизвиците со кои се сочуваат Ромите долги години наназад.

Најголем предизвик за мене е решавањето на проблемот со неевидентираните лица во матичните книги на родените бидејќи Ромите се најзасегнати токму од овој проблем, вели за УБ пратеничката на СДСМ, Љатифе Шиковска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − 12 =