Шешов: Македонија има посебни хазардни мапи со различна изложеност на земјотрес

You must need to login..!

Опис

Има доста стари објекти во Македонија и тие би можеле да имаат извесни неконструктивни оштетувања при земјотрес од 5 степени по Рихтер. Македонија колку и да е мала има посебни хазардни мапи со различна изложеност. Во некои делови има магнитуди од 6 – 6,5 степени. Повеќето објекти што се градат апсолутно ги задоволуваат стандардите и проектирани се над 6 степени, изјави во Утрински брифинг, Влатко Шешов, директор на ИЗИС.

Мора да знаеме дека во Македонија немаме изразени раседни структури. За скопското епицентрално подрачје – тоа е еден систем од мали испресечени раседи кои ни ги викаме чворови на тие раседи. Тие се наоѓаат дали на Скопска црна гора или Водно и предизвикуваат земјотреси кои се карактеристични за Скопје, вели Шешов и додава дека постојат решенија кои се согласно технички прописи и доколку тие се следат вакви земјотреси неможат да направат проблем.

Дали тресе вертикално или хоризонтално зависи од епицентралното подрачје – што сте поблиску до изворот на земјотресот вие ќе почуствувате и хоризонтали и вертикални влијанија. Како се одалечувате доминираат хоризонталните влијанија, вели Шешов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =