Шешов: Земјотресите треба да се прифаќаат како нормална природна појава

You must need to login..!

Опис

Деновиве во регионот, па и во Македонија беа почувствувани низа земјотреси. Дали е дојдено до интензивирање на земјотресите или само медиумите повеќе и побрзо информираат, во денешен Утрински брифинг го прашавме Васко Шешов, директор на Институт за земјотресно инженерство.

Шешов вели дека сеизмичката активност не е зголемена туку е сосема вообичаена. Во различни појаси, интензитетот на земјотресите е различен. Најсилни се земјотресите во т.н. Огнен појас, во  Филипини, Алјаска и така натаму, и таму се најактивни плочите.

-Подолго време немало толку силен земјотрес во регионот како овој на Крит. Но, и тоа е очекувано бидејќи станува збор за сеизмички активно подрачје. Затоа се очекуваат и други земјотреси, вели Шешов за Итрински брифинг.

Тој додава дека дигитализацијата овозможува во реално време да се пренесуваат информации, а реакцијата на нив кога станува збор за земјотресите зависи каква свест има населението. Каде што има висока свест земјотресите се сфаќаат нормално како природна активност, додава Шешов за Утрински брифинг.

-Станува збор за ослободувае на сеизмичката енергија што е вообичаена појава, и тоа се случува со помали потреси. Истото се случува и со Крит и Петриње и Драч во 2019. И добро е што е така, сукцесивно да се ослободува таа енергија, а не наеднаш со некој голем земјотрес, вели Шешов.

Технологијата оди напред, но не може да се предвиди земјотрес. И воопшто, науката одбегнува да предвидува земјотреси, се смета дека е подобро е да превенираме, додава Шешов.

Во врска со Скопје Шешов вели дека Скопје и Македонија не лежат на контакт меѓу две плочи туку се во континенталниот дел на Европската плоча, но има низа помали раседи кои не предизвикуваат поголеми земјотреси како оние во Турција, на пример.

-Раседните структури во скопски регион се плитки. Колку се подлабоко толку поголема енергија се ослободува ама на пошироко подрачје. Скопскиот земјотрес од 1963 година бил плитко и затоа исходот бил таков. Но во тоа време градбите биле такви, градени со застарена технологија, вели Шешов.

Тој посочува дека има неколку типа земјотреси.

-Овие за кои разговаравме претходно беа тектонски, а има и вулкански. Но, тие се претежно локални и не предизвикуваат поголеми штети подалеку од вулканот, вели Шешов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × two =