Шефот на кретивниот тим на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека изборната платформа е подготвена и деновиве ќе биде промовирана

You must need to login..!

Опис

На која економска, финансиска реалност сме имуни? На оваа, на светската, зошто кога сме имуни на домашната велиме дека не чини, а кога сме имуни на светската велиме дека сме добро.

– Како поединци секогаш бараме оправдување за своите грешки наместо да ги бараме кај себе. Тоа се однесува и кај поголеми општествени групи. Во 2005 година објавив колумна, во која се говори и мисли на реалноста која што не е свесна или е имуна една од политичките партии која што поразот на изборите го бара не кај себе туку кај другите, изјави професор Трајко Славевски кој ја води Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ што треба да изготви платформа на партијата за изборите во април.

– Останува завршната фаза. Договараме средби со претставници а бизнисот, не за да бараме од нив идеји или да ни ги кажуваат своите проблеми, бидејќи веќе ги знаеме, туку за да ја презентираме сопствената програма и нашите решенија, рече Славевски.

Фактите говорат дека е очајно слаба реализацијата на капитални инвестиции. Собирате средства од граѓаните а нив не ги враќате во економијата на реален начин. Не е враќање средства преку мој ДДВ, туку она штое најпотребно во областа на инфраструктурата, енергетиката, посебно секторото на информатички технологии. И јас се согласувам дека со некои од проектите како Скопје 2014 се отиде предалеку, можеа да се искористат значително порационално, односно да се насочеа средствата кон други проекти, одговарајќи на прашањето дали останува дека имаме слаба реализација на на инвестиции и дали смета дека капиталните инвестиции треба да го следат примерот на Груевски од Скопје 2014 наспроти нерешените капитални инвестиции на Зоран Заев кој ветуваше 1.000.000.000.

Околу ставот дека буџетот е популистички и обид за поткуп на парламентарните избори и дали смета дека расходната и приходната страна на буџетот е избалансирана со оглед на фактот дека се уште нема јасен преглед на приходот и расходот, Славевски вели дека кога не оди реализацијата на она кое што сте го планирале, балансирање може да направите со ад хок решение, пренамена од капитални во тековни расходи. Од база за развој на економијата до тековна потршувачка што нема да има некој ефект. Нормално е во изборните години владите д аги користат сите инструменти за да ја подобрат економската состојба и перформанс. Влади кои што имаат подобри перформанси во економијата имаат поголема веројаност да останат на власт. Тоа не е спорно, но има едно малигно однесување на наши влади во минатото со преголема доза на популизам која ја јаде економската подлога на самата економија и иднина на земјата.

– Треба да се подготвиме за жестока борба на пазарот на труд. Потребни ни се нови знаења и нови инвестиции, рече Славевски кој уште еднаш повтори дека новата изборна платформа е подготвена и деновиве ќе биде промовирана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × three =