Шекеринска: Многу е опасно кога еден лидер долго останува на власт – се создава култура на „да, шефе“

You must need to login..!

Опис

Македонија деновиве одбележува две години од полноправното членство во НАТО. Колку процесот за влегување во Северноатлантската алијанса е битно за нас и од безбедносен и од економски аспект, во денешен Утрински брифинг поразговаравмме со поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

-Надвор од воената опасност што сега ја чувствува светот, прво се прави воено интегрирање за влез во НАТО а ние тоа го направивме за 19 месеци. Ние бевме ефикасни, а сега имаме информации за нашето небо, а нашите служби се во согласност со НАТО стандардите. Не е небитно што ги имавме навремено сите информации дека Путин планира војна во Украина, во исто време кога многумина сметаа дека тоа е само покажување сила, вели Радмила Шекеринска, поранешна министерка за одбрана за Утрински брифинг.

Кога низа западни земји ќе почнат да зголемуваат воени буџети и промени на енергетските структури во Европа, тоа не е добро за Русија.

-Последиците од нападот врз Украина ќе бидат долги и далекусежни. Ќе влијаат на одбранбените политики и финансии. Германија преку ноќ го зголеми буџетот за армијата на 2 отсто од БДП. Во однос на енергетиката, Европа нема никогаш повеќе да дозволи да биде зависна од руски енергенси. Сето тоа е на штета на Русија,

Русија имаше за цел да ја редефинира европската безбедносна структура според своите потреби, да не дозволи демократски прозападен развој на Украина, да го подели НАТО и да ги понижи САД, вели Шекеринска и додава дека овие четири приотитети Русија сакаше да ги спроведе одеднаш и погреши и потфрли.

-Ваква грешка во проценките им се случувале и на други големи сили. Тука има несоодветно дефинирање на крајната цел. Но, во демократските земји овие слабости се решаваат со послушување на различни мислења, па и со менување на лидерите, вели Шекеринска.

Секој меѓународен поредок бил побезбеден поради обединетост против заеднички непријател отколку поради заедничко пријателство, велат аналитичарите и тоа е точно, коментира Шекеринска.

-Оваа војна ја враќа САД во игра. Да, за европски трупи, но не на штета на НАТО. Ова не е идеолоки конфликт меѓу капитализам и комунизам но е идеолошки конфликт меѓу демократија и автократија. Уште од крајот на 1990-тите години беше модерно да се декларираат како демократи, но под површината се појавуваше желба за контрола на медиумите до сѐ останато, вели Шекеринска.

Шекеринска вели дека дел од Македонците со право се чувствуваат изневерено.

-Ние реформи направивме пред сѐ за нашите граѓани, но тие успешни реформи требаше да ни ја отворат вратата на ЕУ. Тоа не се случи. ЕУ ги изневери очекувањата. Оти политиката е поврзана и со емоции, само што не треба да бидеме жртва на своите емоции, вели Шекеринска.

Реконфигурирање на перспективите на државата можеби би било очекувано во состојба кога граѓаните се разочарани ако не се случи отворање на преговорите во јуни.

-Мислам дека треба да ја збогатуваме европската агенда. Ако немаме најава за влегување во ЕУ, треба да имаме план да се движиме во таа насока. Можеме да го отвориме прашањето за користењето на европските пари. Генерално проширувањето е забавено, иако во нашиот случај директна вина има и ветото од Бугарија. Луѓето во Европа стануваат позатворени. Сепак, агендите како владеење на правото и други битни за животот на граѓаните треба да се спроведуваат. Но, не треба да живееме на шестмесечни рати и да чекаме чудо, вели Шекеринска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fourteen − 14 =