Шекеринска: Ако немаме влада со полн капацитет никој од ЕУ нема да се потресе ако во Скопје не гледа апетит за евроинтеграции

You must need to login..!

Опис

-За граѓаните најважна е политичката порака дека после членство во НАТО, што е до нас остваруваме.

-Она што мислам дека е најинтересно да се спомне, а го спомена и првиот човек на командата на НАТО, е тоа дека Северна Македонија ја спровела најбрзо реформата.
-Ако на Хрватска и Албанија за тоа потребни им беа 45 месеци ние тоа го направивме за 19, вели за Утрински брифинг министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Треба да го поделиме периодот на две полувремиња како во фудбалот, првиот фокусиран на стабилизира на мнозинствоот и вториот фокусиран на нашата стратешка цел ЕУ.

-Немаме притисок во поглед на термините и времето, Владата работи во полн капацитет. Партиите треба наместо да се фокусираат на добиените места во Влада да се фокусираат на стабилизирање на политичката криза, вели за УБ министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

-Таа додава дека не смееме да дефинираме што ќе се случува на европскиот самит но можеме да не дадеме алиби бугарската страна да го обезбеди статус квото.

Работите дома во однос на обезбедувањето стабилно владино мнозинство вели ќе зависат и од тоа што ќе се случува на самитот но и од тоа што ќе го сработи СДСМ. Каква ќе биде структурата и составот е второстепено прашање.

Во однос на ЕУ ние треба да обезбедиме политичка сигурност и стабилност, истакнува министерката за одбрана.

-Јасно е кај сите нас дека ни треба промена која не треба да биде само кадровска… Покрај картите на масата треба да ја промениме и играта. Таа порака беше испратена веднаш по изборите, вели Шеќеринска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + seventeen =