Над 100 професионални тенисери од светот во јуни и јули ќе дојдат во Скопје на три меѓународни турнири

You must need to login..!

Опис

Во С Македонија, месеците јуни и јули ќе бидат во знакот на професионалниот тенис. Над 100 професионални тенисери од целиот свет, ќе учествуваат на три интернационални ИТФ тениски натпревари кои ќе се одржат во Скопје, а во организација на Тениската Федерација на Република Северна Македонија.

Федерацијата ќе биде организатор на професионален турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари во период од 6-12.06.2022 ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M25 – Скопје.

Ќе се организира професионален турнир за мажи со награден фонд од 15.000 долари во период од 13-19.06.2022., ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M15 – Скопје.

Исто така во период од 4-10 јули ќе се одржи и Светското екипно првенство за жени (Billie Jean King Cup), за регион Европа и Африка, група 3.

-Пред три години се создаде еден стручен тим којшто имаше неколку главни цели. Една цел беше развој на млади таленти, вториот дел беше создаавање на високо квалитетни тенисери коишто би ја претставувале нашата држава и развој на стручен кадар. Тие три работи беа основни, но тука, се разбира, беше и помошта на клубовите, развојот на играчите.

-Еден од тие проекти беше и организација на меѓународни турнири, каде што ншите тенисери ќе имаат можност, во нашата земја, да стекнат поени за светските ранг листи и со истите тие поени на други турнири да одат чекор по чекор во својата кариера, изјави во Утрински брифинг, Горан Шевченко, државен селектор при тениската федерација.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × 4 =