Шевченко: Имаме јуниори тенисери кои покажуваат дека се врвни во Европа

You must need to login..!

Опис

Тенисот е индивидуален спорт каде блискиот контакт е одалечен. Како федерација успеавме со пишување на одредени протоколи и уште од средианта н амај добивме зелено светло од владата и продолживме со тренажниот процес. Во средината од јули можевме и турнири да организираме. Така што оваа година тенисот може да се пофали дека се реализирани 58 турнири, изјави во Утрински брифинг, Горан Шевченко, државен селектор при тениската федерација.

На влезот во секој клуб прва работа која се прави е термален скрининг. Доколку се случи температурата на учесниците имаат повишена темпрература истите се враќаат. Секаде има средства за дезинфекција, а она што е карактеристично е дека играчите после завршување на активноста одма си заминуваат дома без користење на гардеробите, вели Шевченко и додава дека пандемијата не верува дека во наредните година до две животот ќе се врати онаков каков што беше порано.

Имаме јуниори кои покажуваат дека се врвни во Европа. Она што фали е индивидуалниот пристап кон тенисерите. Доколку се направи убава програма каде ќе знаеме дека се потребни средства за тренерот, квалитетен тренажен процес и се создаде тим кој ќе работи со тој играч, верувам дека ќе се дојде до ниво на АТП И ВТА турнири, вели Шевченко.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − thirteen =