Шаќири: Во процесот на промените во јавната адинистрација вклучени ќе бидат синдикатите и стопанските комори

You must need to login..!

Опис

Трансферот на административците од јавниот во приватниот сектор, најавен од поранешниот министер за информатичко општество Дамјан Манчевски во 2019 година и кој требаше да се реализира истата година, сè уште не е почнат. Тој дури, додека беше министер, објави неколку пакети – понуди, кои требаше да бидат одобрени по изборите.

Министерот Шаќири, потврди дека ќе продолжи реализацијата на проектите започнати во претходниот мандат, а најави и нови активности.

-Сите одлуки кои се носат од владата за процесот на работа на јавната администрација секогаш предвид го земаат здравјето. Од Комисијата за заразни болести ни соопштија дека се уште има опасност во делот на работата на јавната администрација, но со отпочнувањето на вакцинацијата сигурно дека ќе имаме подобри услови за работа.

Дел од јавната администрација се и локалните институции, општините, претпријатијата. Знаете дека во програмата на владата 2020 – 2024 има и процес за намалување на администрацијата, но не може да се реализира без неколку законски промени и без добра анализа.

Нашата јавна администрација не сакам да ја гледам како бројка, туку битно е давање на поголем придонес во процесот на квалитет. Ние имаме отпочнато неколку законски промени – новиот закон за пензионирање, закон за адинистративни службеници, имаме почнато анализа на органите на државната управа, која се врши преку ИПА прокет, каде имаме информации за преклопување на функции…Програмата на намалување нема да им штети на вработените во јавниот сектор, изјави во Утрински брифинг, министерот за информатичко општетсво и администрација, Јетон Шаќири.

Морам да потенцирам дека при спроведувањето на промените, вклучени ќе бидат Стопанските комори и нема никому да му носи штета.

Целиот разговор во кој министерот Шаќири говори и за прераспределбата на рамковните вработувања, за корупуцијата, непотизмот погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × five =