Шахпаска: Носиме закони, водиме кампањи, ја подигаме јавната свест – за насилството врз жените мора да се говори јасно и гласно

You must need to login..!

Опис

Состојбата во нашата држава се менува во позитивна насока, особено во изминативе неколку години. Како институции правиме промена на се што доведува до семејно насилство, сексуално вознемирување, но пред се за подигање на јавната свест, за овие прашања да се говори јасно и гласно, да се адресираат како негативна општествена појава, по име и презиме да се посочат сторителите на вакви негативни појави и да се преземаат санкции, изјави во Утрински брифинг Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.

Ние треба генерално да ги менуваме состојбите во општеството. Постојат закони со кои што сериозно се спротивставуваме на било кој облик на насилство врз жените, но потребно е пред се јасно и гласно да се говори. Ги охрабруваме жените, имаме кампањи каде гласно се говори за насилството. Ова прашање го спуштаме и до локалната заедница, до најруралната средина, во најодалеченото катче во земјава, со цел за овие прашања да се говори јасно и да се адресира како негативна појава, вели Шахпаска.

Целиот разговор со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 5 =