Чоневски: Потребна е почеста комуникација на нашите надлежни институции со нивните колеги од Грција – границите конечно да се отворат и ние да поченеме да работиме

You must need to login..!

Опис

Ние како туристички агенции, голем дел од средстата имаме уплатено во 2019 како аконтации за 2020 година. Тоа е од причина за да добиеме пониски цени во однос на другите и на нашите клиенти да им понудиме уплати со поусти т.н рани уплати. Нашите пари, кога велам наши мислам на клиентите кон нас, а и нашите пари од туристичките агенции се вложени во туристичките капацитети доста порано пред да настапи пандемијата. И оттука поткако голем дел од граѓаните уплатија, добија вредносни ваучери во висна на својата уплата кои што требаше или треба да се искористат до 31.12.2021 година – ова е донесено на владина седница и излезе во Службен весник на 27 март, изјави во Утрински брифинг, Александар Чоневски, директор на туристичка агенција.

Не само туристичкиот сектор, но претпоставувам дека и трговијата и транспортот ќе биде полесно со отоврање на границите. Условите за влез во Република Грција се со приложување на ПЦР тест не постар од 72 часа, доказ за вакцинација и мислам дека се преговараше за брзи тестови на лице место, но не знам до каде е со тоа. Ние се уште каскаме со вакцинацијата, информациите ги добиваме од медиумите. За жал постои еден празен простор во комуникација барем во поглед на коморите со надлежните институции. Треба да се разговора почество за и ние да можеме да ги реализираме своите патувања или аранжмани, а секако да го искористат тоа и странките кои стануваат нервозни бидејќи нивните пари се заглавени во Грција. Оттука јас се надевам на почеста комуникација на нашите надлежни институции со нивните колеги од Грција.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 4 =