Черепналковски: Влечеме огромни количини недоговорена енергија

You must need to login..!

Опис

Голема преокупација на јавноста и на владата која мора да се решава е енергетската криза која од светот се префрли и во Македонија. За ова во Утрински брифинг разговаравме со експертот за енергетика Златко Черепналковски.

Последната Уредба на владата се однесува на кризна состојба во енергетиката, што предизвика страв кај граѓаните од рестрикции.

-Како што јас сфаќам ова е замена на старата Уредба, а со новата Уредбата намерата е да се сведе потрошувачката на енергија онолку колку што може да се обезбеди. Не може да се воведуваат рестрикции по региони затоа што има повеќе оператори кои обезбедуваат енергија која има третман на економско добро, вели Черепналковски.

-За трогците нема добри и лоши времиња, има кај купувачите. Кај трговците има добро и лоши бизнис модели. Треба енергијата да се набави за продажба во краток рок. Некои снабдувачи искористија во еден период, но тоа е голем ризик затоа што кај енергијата нема залихи, мора да се продаде кога ќе се произведе, вели Черепналковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 3 =