Чемерикиќ: Нема простор за паника – сите здравствени установи ги имаат потребните лекови

You must need to login..!

Опис

Во време на пандемија од КОВИД-19 два лека се актуелни во Македонија, па и на светско ниво – едниот е од групата на антималарици, тоа е хидроксихлорокин, а другиот е антибиотик азитромицин.

Гостинка во Утрински брифин беше Маја Чемерикиќ, фармацевт од Реплек, која говереше за достапноста на овие лекови како и тоа во кои случави овие два лека би се употребувале.

Првиот лек, хидроксихлорокин, не е регистриран во Македонија, но истиот е генерички лек и е достапен во многу држави од различни производители.

Кај нас преку интервентен увоз овој антималарик може да се обезбеди и сигурно потребните количини веќе се во клиниките. Другиот лек – азитромицин е долги години во државата.

Реплек фарм е единствен домашен производител на овој антибиотик. Ние понудивме бесплатна донација од 50.000 пакувања и истата е прифатена од Министерството за здравство. Во текот на денешниот ден ќе бидат испорачани 2.000 пакувања до надлежните институции, вели Чемерикиќ.

Тука е многу битно и да напоменеме дека предложениот третман со овие два лека ќе биде применуван само во исклучителни случаи при појава на одредени клинички симптоми на заразени од Коронавирус, стриктно според утврден протокол за терапија од страна на инфектолозите и останатите специјалисти, додаде Чемерикиќ.

Во ниеден случај ова не смее да се користи на своја рака и граѓаните треба да бидат смирен, здравствените власти итно ги спроведуваат сите активности, за лекарите на Инфективната клиника и сите останати здравствени домови да ги имаат двата лека на располагање, изјави Маја Чемерикиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 1 =