„Чекор по чекор“: Целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта

You must need to login..!

Опис

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, започнаа со спроведување на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Станува збор за проект што ќе се реализира во следниве три години, а има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Токму преку овој проект оваа учебна година 300 ученици од цела Македонија ќе добијат училишни стипендии.

Гости во Утрински брифинг беа Бранка Џајковска и Дениз Сулејман од „Чекор по чекор“.

Џајковска вели дека една од целите на оваа иницијатива покрај инклузијата на секое дете во училиштата, е и подигнување на јавната свест секое дете да може да учи.

-И покрај тоа што инклузијата е тема која што ја слушаме подолго време, сепак морам да кажам дека се уште сме на почеток. Проектот е замислен како еден холистички пристап. Нашата цел е да направиме една поголема интервенција, со тоа што обезбедуваме и туторска поддршка на учениците. Сакаме и целата јавност да ја апознаеме со правото секое дете да може да учи, вели Бранка Џајковска од Иницијативата „Чекор по чекор“

Сулејман додаде дека потребно е и на родителите финасиски да им се помогне, бидејќи тие се соочуваат со издвојување на повеќе средства при растењето на децата.

-Целта за спроведувањето на активноста беше да им се олесни малку на родителите на децата, бидејќи знаеме дека се соочуваат со поголеми трошоци при растењето на децата, вели Дениз Сулејман од Чекор по Чекор

Разговорот со Џајковска и Сулејман погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + 3 =