Корубин: Општеството заложник на партократијата, се дерогира Устаниот поредок на државата

You must need to login..!

Опис

Не само што парламентот е заложник на партиите туку и целото општество е заложник на таа партократија. Најексплицитно и најочигледно сведочиме за тоа деновиве со лидерската средба, која за жал надвор од правниот поредок се решаваат клучните работи. Со ова се дерогира Устаниот поредок на државата и онаа поделба на власта на законодавна, изршна и судска. Законодавната власт треба да биде врховна власт и контрола на извршната власт. Во пракса не е така. Во случајов и премиерот и лидерот на опозицијата хиерархиски се под закондавната власт, под пратениците, а се доводовме во ситуација заклучоците или договорот што го постигнуваат да биде правно обврзувачки за Парламентот. Јас не велам дека не треба да има лидерски средби, но тие не треба да бидат над политичкиот систем, изјави во Утрински брифинг, Никица Корубин поранешен пратеник од ЛДП.

Мислам дека се пропушти голема шанса во вонредната страна да се доближат власта и опозицијата. Мислам дека шансата пред се ја пропушти власта, на некој начин да и подаде рака на опозицијата и да настане некакво помирување, смета Корубин.

Помалите политички партии се инферирорни во однос на поголемите од секој аспект. Првата инфериорност следи поради самиот политчки модел каде што шансата да излезете самостојно и да освоите пратеник е многу мала. Ове е изроз на немоќ и на инфериорност, но од друга страна не треба вината да се става само на товар на поголемата партија.

Нема дилема дека Македонија треба да биде една изборна единица. Противење има пред се од големите политички партии. Тука е и етнилкиот момент и во таа една изборна единица како ќе оди распределбата на мандати. Но демократизацијата оди од една страна со промена на политчкиот модел, од друга страна и во постоечкиот политчки модел треба да има демократиазција на партиите, вели Корубин.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + seven =