ИКТ индустријата со 900 милиони евра приход и во 2020 е светла точка во сивилото на македонската економија, разговор со Никова Бундовски, извршен директор на МАСИТ

You must need to login..!

Опис

Нашите 100 компании ги остваруваат 55% посто од вкупниот приход на ИКТ индустријата која што 880 милиони евра за 2019 година. Кога ќе ги видите клиентите на нашите компании ќе се изненадите за кои светски познати имиња станува збор. Од автомобилска па се до медицинска индустрија сме стигнати. Тоа покажува дека се следат најнапредните технологии, нашите инжињери и програмери се на светски ранг и сме рамо до рамо во квалитетот кој што го испорачуваме од аспект на продукти, професионализам и експертиза, изјави во Утрински брифинг Анита Никова Бундовски, Извршен директор на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии.

Во моментот околу 1.000 евра нето плата е просечната плата во ИКТ секторот што е два и пол пати поголема од просечната. Но високите менаџерски плати можат да отидат и до 3.000 евра плата, додека кај консултаните граница не ја знаеме, вели Никова Бундовски.

Ситемот е тој што младите луѓе ги задржува или одбива да останат во една држава. Во С Македонија се уште имаме системски промени на кои сите заеднички треба да работиме – зборуваме за образованието, екологијата, здравството… Од друга страна социјален живот како во Македонија никаде немате, семејството и потпората која што ја имате дома никаде ја немате и нето остатокот на фамилијатниот бууџет и остатокот кој што останува никаде не е никаде толку голем, додава Никова Бундовски.

ИТ индустријата е можеби најмалиот или некорисникот на мерките од Владата, заради тоа што сакаме да дадеме предност на загрозените сектори, па дури и да помогнеме преку бесплатни решенија. Се стремиме да подигнеме генерална свест за одење кон дигитално оперирање на бизнисите во државава. Но она што на нас како ИТ индустрија ни е потребно и за отворање на нови работни места и истражувачки проекти е ослободување од неколку давачки – едното е персоналниот данок, а втората ситуација е поставување на многу понизок праг на месечното плање на придонеси, во моментов тоа е 12 просечни плати, а ние сметаме дека да биде ставен на максимум 90.000 денари, вели Никова Бундовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × two =