Деспотовски: Во ТИРЗ нема отпуштања – странците ќе ги зголемуваат капацитетите

You must need to login..!

Опис

Компаниите во зоните учествуваат со некаде 45% во вкупниот износ во државата. Но што фали тука? Треба да видиме која е таа додадена вредност што реално се создава во Северна Македонија, што создаваат македонските работници кои се ангажирани во зоните и што излегува како готов производ. Податоците покажуваат дека се уште има значителен нето износ. Она што охрабрува е дека извозот опаѓа како резултат на пандемијата со некаде 9%, но и увозот опаѓа со 19%. Тоа значи дека дел од компаниите или ги трошат залихите или се ориентираат на она што се создава тука, изјави во Утрински брифинг директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Нашите податоци говорат дека бројката на вработени и ангажирани во зоните е доста стабилна. На крајот од неделата ќе објавиме и неколку компании кои го зголемуваат бројот на вработените, бидејќи таргетите им се веќе постигнати. Значи копманиите веќе порано ангажираат локална работна сила во однос на она што е предвидено со иницијалната динамика. Овој податок радува со оглед на ситуацијата и е за поздравување, вели Деспотовски.

Целиот разговор со првиот човек на ТИРЗ погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × two =