Хасани: Градежништвото ги следи новите еколошки и енергетски станадарди – Скопје има доволно зелени оази, центарот по правило е деловен четврт

You must need to login..!

Опис

Нашите инвестиции се исклучиво во високоградбата. Сега почнавме и со енергетика, имаме инвестиции во две мали хидро-централи. Модерен тренд е во големите градови каде што живото станува проблематичен е да се живее кваилетно во еден објект и сите проекции се прават да може да се живее и да се исполнуват сите социјални потреби – едно економично, практично решение, изјави во Утрински брифинг Салим Хасани, сопственик на ГП„Модинг“ и потпретседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Во градњето треба да се најде компромисот. Факт е дека сите градови тежнеат кон модернизација, кон високи згради, но тоа мора да се направи со одредени стандарди. Пред се услови за хумано живеење, за интефункција со другите објекти. Нормално дека ние не сме за градби кои не ги исполнуваат стандардите, никнуваат. Ако тежнееме да има развој, динамика мора да се дозволи да се гради, но тоа не смее да биде без критериуми, односно треба да биде компромис помеѓу интересот на инвеститорите и стандардот кој треба да с епостигне за да имаме една убава средина на живеење. Тоа е во сите градови – центарот не може да биде озеленет како периферијата на градот. Таму се концентрира бизносот, а во периферијата почнува стандардот за квалитетно живеење. Не може ние во Центар да правиме голем парк и зеленила а да чекаме да дојдат луѓе кои ќе работат и ќе прават бизнис, вели Хасани.

Ако го гледаме Скопје како град, парковите не се подалеку од 500 метри. Кејот е исто така тука. Јас сум и за едното и за другото. Модерната архитектура има решение за се. Објектите треба да се адаптираат за тоа, додава Хасани.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 4 =