Арсовска: Економијата не заздравува, идеи има, изостанува реализација

You must need to login..!

Опис

Одликата на ребалнсите е да се корегира сето она што не било реализирано, а било претџодно зацртано со самото креирање и носење на буџетот. Реализацијата можеби не била толку возможна поради ситуацијата која што ја имавме со пандемијата, но генерално она што е секогаш критично со носењето на ребалансите е реализацијата. Кај нас секогаш иам добри планови, идеи, но реализација нема. Она што е важно е да видиме во следниот период дали ќе се оствари она ветување на Владата дека сите оние кои не ги реализарале сите оние планови, особено во делот на капиталните инвестиции, ќе имаат реперкусии и ќе сносат одговорност, изјави во Утрински брифинг претседателката на Сојузот на стопански комори на Република Северна Македонија, Данела Арсовска.

-Нашата економија не заздравува, односно не сме во фаза на заздравување како што беше предвидено, и во првиот квартал бевме на минус 1.9% што е навистина загрижувачки, затоа што доколку споредите што се случува во регионот, таму има добри резултати. Јас не верувам дека ќе успееме да се вратиме назад во колосек до крајот на овој втор квартал и тука се гледа онаа можност за неостварување на планираното со овој ребаланс, а во секој случај непродуктивните трошоци се оние кои што секогаш се апелира да се престане, сите влади декларативно се за да се прекинат, но никако да се реализира истото, вели Арсовска.

Интегралното интервју со претседателката на Сојузот на стопански комори на Република Северна Македонија, Данела Арсовска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 1 =