Бишев: Северна Македонија е средно задолжена држава, има простор за нови задолжувања ако каматите за обврзницата се помали од порастот на БОП – ќе ја водам Шпаркасе и откако во јули ќе ја преземе Сосиете Женерал

You must need to login..!

Опис

-Вчера се одржаа Собранија по повод постапката за интеграција на „Сосиете Женерал “ и „Шпаркасе“. Од тој аспект формалните одлуки се донесени, останува техничкиот процес, кој што во најголем дел опфаќа ИТ миграција и веруваме дека многу брзо, во наредниот период, ќе имаме четврта голема банка во Македонија, изјави за Утрински брифинг Д-р Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија.

-Најголемата банка во Република Северна Македонија доколку се сврсти на ниво на Балканот таа би била банка со средна големина. Од тој аспект, имајќи го предвид пазарот во Македонија и новите технологии кои што треба, ќе придонесе до трошковен притисок, од друга страна каматнитие стапки, маргините, провизиите перманентно се намалуваат и тоа ќе бара нова економија. И многу ќе биде тешко банка која ќе има вкупна актива под одредено ниво да може да ги издржи овие трошоци. Значи самиот пазар ќе наметнува натамошно окрупнување, а малите финансиски институции ќе треба да бидат или инзвонредно ефикасни или понатаму да се окрупнуваат, вели Бишев.

Малите фирми за брз кредити се нормални финансиски институции секаде во светот. По правило надополнуваат еден сегмент во кој што банките не влегуваат и од тој аспект македонскиот финасиски пазар ќе се диверзифицира. Она што исто така ќе биде потребно е инивестициони фондови или финансиски институции кои неавлегуваат не само со кредитирање, туку и со капитал. Тоа најдобро го покажува последниот случај со ветерниците „Богословец“, каде што за да проектот се исфинансира, покрај тоа што беше потребно кредитирање, мораше да се уфрли дополнителен капитал за да може да се поднесе тоа ниво на кредитирање, вели Бишев.

КОга инвестирате голем износ на средства вие сте заинтересирани средствата да ги заштитите и да ги оплодите. Имате избор да го направите тоа во разни компании, индустрии. По новите закони тоа може да се прави и во странство. Самиот избор тоа да го направите во домашна компанија, во комерцијална банка е произнание и за акционерот, и за самата банка или компанија. Ова не само што обезбедува подобрена сопственичка структура, туку истовремено тоа се моќни сопственции кои ако е потребно утре можат да уфрлат дополнителен капитал во банката, доколку е потребно за развојот и растот на таа финасиска институција, додава првиот човек на „Шпаркасе“, Бишев.

Целиот рзговор со претседателот на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија, Глигор Бишев, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 4 =