Кутревски: „Пекабеско“ и во кризата инвестираше во производство и извоз

You must need to login..!

Опис

Состојбата со пандемијата не беше очекувана. Се боревме против непознат непријател, не знаевм,е какви мерки да преземеме, се тоа го учевме во од. Тука морам да ја пофалам нашата Стопанска комора која секојдневно со соопштенија и укази не информираше и ние учевме како да постапуваме и полека се адаптиравме на постоечката положба. Се тоа беше на некој начин виша сила – затворени граници, затворени компании во други држави, намалена потрошувачка. На крајот на годината имаше вкупен финансиски пад од 11%, изјави во Утрински брифинг Слободан Кутревски, сопственик на „Пекабеско“.

„Пекабеско“ нема добиено ни „банка“ што се однесува до пандемијата. СО државата потпишавме 5 годишен договр, кој годинава истекува, за финасирање во развој, некаде околу 5 милиони евра и оваа година остануваат уште 400.000 да се дотрошат за тие инвестиции, инвестиции во смисла на опрема и екологија.

-За нашата месна индустрија да функционира се набавува еднаш годишно месо и се набавува од 6 до 10 милиони евра. Сервисираме трошоци, и може да кажеме дека пандемијата не ја осетивме од причина што на домашниот пазар имаме голем , до сега , незабележан раст, вели Кутревски.

Мојот работен век е при крај. На синовите останува, бидејќи покрај овие два капацитети, останува простор од 40.000 лвадрати празен простор за градење. Ако имаат желба ќе си градат, мене ако ме прашаат јас веќе немам што да градам, јас веќе советнички се поставувам. Имаат идеји да се откупат фирми, да се инвестира во нив и да се купи некој развиен бренд, не да се почнува од бебе. Целта ни е да се освојува Западна Европа, Европска Унија, вели Кутревски.

Во напата идустрија сировината се обезбедува од надвор. Ние овде се фалиме дека имаме свињарско производство ко е е многуи заштитено. Има и царина и прелевман. Па што е поповолно одбираме. Владата 4 години ни излегува о пресрет. Најде некое меѓу решение и да ги задоволи и свињарите и за нас производителите, бидејќи свињарите немаат месо за нас, немаат услови да го спремат онакво какво нам ни треба, како што го добиваме од Запад. Ние пред тоа бевме приморани да ги плаќаме тие давачки, што е нон сенс за производствена индустрија, да плаќаш давачки кои нас ни сметаат да бидеме гости на домашен пазар, бидејќи сите странски, околни, регионални играчи извезуваат во Македонија без царини и ние од старт во 20% сме поскапи од нив на стартно ниво, вели Кутревски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × five =