Зеќири: Нема да амнестираме никого ако се огрешил пред законите, секој функционер треба да знае дека сноси одговорност за тоа што го работи

You must need to login..!

Опис

Поставивме нови стандарди на македонската политичка сцена. Ние сме единствена и прва политичка партија која лидерот го избира н а непосредни избори, односно дозволивуваме членството да биде тоа што ќе го избере претседателот на партијата, а не како што досега беше кај нас, а е во останатите политички партии – делегатите да го направат тоа, изјави во Утрински брифинг, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири.

Деновивме видовме дека има многу душегрижници, па дури и стакнатти поранешни исегашни членови кои од страна ги гледаат работите и не знаат ништо друго освен да критикуваат.. Можност ја имаше секој член на СДСМ да си поднесе кандидатура во предвидениот рок. Тоа не го направи никој. Никој никого не спречил и ниту моможе да спречи да поднесе кандидатура, но најлесно им е да излегуваат по телевизии и да критикуват и да кажуваат дека ова не било демократски. Што е демократски? Кога они имачле функции во партијата и ги избирале 100-200 делегати? Подемократски чин од ова што го имаме направено нема, ниту ќе има. Зоран Заев постави такви стандарди заедно со СДСМ и целото раковдство, што остава наследство понатаму. Следниот пат на ист начин ќе се бира претседател на партијата. И мислм дек анема да може да дојде некој друг што би го вратил овој процес назад. Повторно ќе кажам – најлесно е да се критикува, а никој да не зема одговрност, храброст да се спротивстави. Со тоа што некој не се кандидирал а критикува од страна, очигледно знае колку вреди и колкава поддршка има. вели Зеќири.

Тоа што можеби изгледало нападно во неделата е затоа што сме голема политичка партија. Не има многу во број и можеби сме доминирале на социјалните мрежи со активноста која ја иамвме. Јас не гледам ништо лошо во тоа, очигледно на неопределените можеби им доаѓало невкусно да го гледаат тоа и затоа им изгледало така нападно. Голема политичка партија сме, околу 60.000 излегоа да гласаат и тоа го споеделија со своите пријатели на социјалните мрежи, смета Зеќири.

Новата кадровска политика, носење на нови луѓе во СДСМ, секогаш било и ќе остане како заложба и тоа сме го докажале до сега. Секако добредојдено е да биде озвежено и раководството и целата партија со нови кадри. Тоа секако дека ќе го направиме. Заев се докажал како храбар човек да презема храбри чекори во однос на севкупни промени и како премиер и како лидер на СДСМ. Затоа нема сомневање дека ќе се изреализира тоа што е наведено во програмата, вели Зеќири.

Ние сме едниствената политичка партија која има свои ограноци во сите општини. Последните три огранока се во чисти албански средини – во Липково, Желино и Боговиње. Не е мал бројот на членови- тука се и припадници од ромската, српската, турската заедница – што значи дека нашиот постулат останува „Едно општество за сите“, затоа што тоа е иднината. Македонија е мултиетничка држава и нашата партија докажа дека тоа е најдобриот начин систе заедно да се бориме за подобра земја и подобар живот за сите граѓани на државата, смета Зеќири.

Пописот треба да го гледаме само како статистичка операција, никако како пшолитичка, иако кај нас ништо не може да поминебез да се политизира. Гледаме дека во дијаспората процесот тече непречено, без разлика дали се работи за Македонци, Албанци итн. Ние сме одлучни целиот процес да го завршиме. Парамтрите се важни за економијата и не гледам никаква причина да не се спроведе до крај.

Неблагодарно е да коментирам за мој претходник на функцијата. Секој функционер треба да знае дека сноси одоговрност за тоа што го работи. Секако ние не сме тука да амнестираме некого ако се огрешил пред законите. ВО сучајот институциите го имаат последниот збор. Обвинителството и ДКСК се обратија за документација. Службите работат и ќе одговориме на нивните барања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + 2 =