Сомнителен капитал за манипулирање со јавното мислење во Македонија

You must need to login..!

Опис

Светот е преплавен со лажни вести, портали кои исклучиво продуцираат дезинформации. Сплетот на креирање на портали за продукција на информации кои имаат манипулативен карактер со јавното мислење се се погласни и раширени во целиот свет. Лажните сајтови се промовираат Германија, Индонезија, Филипини, а многу од тие сајтови потекнуваат од Русија, Романија и Македонија. Онма што ја загрижува јвноста е е студија изработаена по нарачка на Европскиот парламент – под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западен Балкан“.

Гостин во Утрински брифинг беше универзитетскиот професор Јасна Бачовска.

-Ова е една студија која што претставува резултат на мониторирање на состојбите, но и консултација на други анализи. Битно е да се спомене контекстот дека веќе креаторите на политики почнуваат да реагираа насекаде во светот на овој глобален проблем. Да во Македонија има проблем. Она што е битно е што кај нас состојбите се малку потешки. Оваа студија претставува сигнал кај нас. Станува збор за македонското општество и политики кои се окарактеризирани за некој што тешко успева да го среди хаосот во јавната сфера. Се квалификува како последица на едно долготрајно запоседнување на мејнстрим медиумите и нивно претворање во пропагандни машини и баш во тој извештај/студија се дијагностицира како последица на таквото долготрајно инструментаризирање на мејнстрим медиумите. Традиционалните медиуми беа претворени во мегафони, а потоа се претопија и трансформираа во различни поортали кои сега се занимаваат со дезинформации.

Лажни вести е предимензиониран проблем – не се тоа само лаги, тоа се големи степени на субјективизам, немање на никаква информативн а густина, немате факти, имате лични ставови, се манипулира со вистинските информации. Она што е интересно во таа студија што таквата состојба се вели дека не е причина за хаосот, туку последица на тоа какво општество сме – а тоа длабоко политички поделено, граѓанската свест како да отсуствува, ниска медиумска култура во Македонија, вели Бачовска – Недиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − sixteen =