РЕК Битола до 2035 ќе се затвора – бугарската влада не одговори дали Македонија ја сака и во нукллерната централа – Белене

You must need to login..!

Опис

Струја имало, има и мора понатаму да има. Можам да кажам дека во моментов производството и снабдувањето е стабилно и одредени проблеми кои ги имавме изминатиов период кога имаше обилни диождови, поплава во РЕК Битола, кога имавме и застој на производството со зголемен ангажман на сите чинители околу енергетиката ги надминавме проблемите. РЕК Битола е нашиот најголем производствен капацитет кој птроизведува некаде околу 60% од нашето проиизводство на енергија и нејзината стабилност значи и наша стабилност а со тоа и на енергетскиот сектор во државата, изјави во Утрински брифинг, Васко Ковачевски генерален директор на АД ЕСМ и додаде дека со промената на раководството во 2017 во АД ЕСМ се пристапи кон темелна реконструкција односно капитални ремонти на РЕК БИтола.

-Ние инвестира во изминативе три години во капитални ремонти на БЛОК 1,2 и 3. Оваа година беше предвидена и во тек е капиталниот ремонт на БЛОК 3 и од 15 декември биде ставен во функција н апроизводство. Самите ремонти значат инвестиција и за сегашноста и за иднината. Иако тенденција е да се инвестира во обновливи извори на енергија, секако не смееме да заборавиме дека покрај обновливоста ние треба да ја зачуваме и стабилноста на енергетскиот систем односно производство на базна енергија која ја произведуваме од термо-електраните и од хидро потенцијалот. За жал оваа година е една од најлошите хидролошки години во поглед на капацитетноста на хидро – електраните, вели Ковачевски.

Не можам да кажам дека чинител за намалување на нивото на Охридското езеро е само компанијата ЕСМ. Нашето производство е во рамките на предвиденмото и дозволата за експлоатација на езеерото. Како капацитет ние мораме да го користиме Охруидското езеро и нашиот прозводствен погон на Црн дрим, затоа што испутањето на дел од водата на Охридското езеро ние произведуваме енергија, но и го задржуваме биодивирзертото во реката Црн дрим, што значи дека ние произведуваме онолку колку што нмоижеме, однсоно дозволува хидрологијата. Во овој момент истекот во Црн дрим е само 2 метри во кубици, односно под минимум што можеме да го користиме како енергија, изјави Ковачевски.

Времено се откажуваме или ги ставаме во мирување активностите за инвестицијата во нуклеарната електрана Беле во Р Бугарија и ја разгледуваме можноста за инвестиција на енергетски производствен капацитет во близина на Александопулос ка де ќе има и гасен терминал. Ние минатата година почнавме разговри со бугарската влада за заедничка инвестиција во Белене. Добивме покана за учество и не некаде август 2019 одгооривме позитивно со писмо од напшата компанија дека сем заинтересирани во учество во изградбата на овој енергетски капацитет, но оттогаш до денес ние не добивме никаква документација ниту знаеме до каде е прокетот. Во енергетиката не треба да се размислува од денес за утре, туку од денес за по три, пет, десет или дваесет години. Затоа ние кажавме дека во овој момент ќе се насочиме кон инвестиции во други капацитети во државата и евентуално ако има можност надвор од државата, а во мометот кога ќе ја добиеме анализата и сите потребни документи за нуклеарната електрана Белене, секако дека повторно ќе се активираме и ќе се вклучиме доколку оцениме дека како држава имаме економски и стратешки интерес. Значи времено се запрени активностите и се насочуваме во инвестиција во други капацитети. Јас жалам што некои т.н енергетски експерти, за жал универзитетски професори, викаат зошто да се инвестира надвор од државата кога можеме во државата, а без тоа да ги отворат документите и да видат дека имаме десетина големи проекти кои треба да се инвестираат во земјава, но истовремено економската логика вели дека е добро да се инвестира во изградба на енергетски капаците и надвор од државата, онаму каде што има ресурс, вели Ковачевски.

Целиот разговор за перспективите за енергетската програма до 2040 година со генералниот директор на АД ЕСМ погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + twenty =