Наков: Зимскиот туризам е жртва на бизнис терористи- кој и зошто го уништи Кожуф

You must need to login..!

Опис

-Многу едноставно и квалитетно, рестартот на Кожув е возможен. Се што беше направено на Кожув до сега ние го зачувавме и оддржувавме. Така што потребни се само два предуслова – едниот е мора да се направи и отвори регионалниот пат кој што води од Гевгелија до Ски центарот Кожув, кој што откако е изграден во 2013 до ден денес не е пуштен во сообраќај и број два, надлежните институции да седнат и да ја изработат законската регулатива за поддршка на овој тип на бизниси, развој на планинискиот туризам во државава, изјави за Утрински брифинг Ангел Наков, бизнисмен.

-Веќе имаше пат до Смрдива вода. Владата во 2008 година донесе одлука д асе изградат дополнителни 15 километри кои стигнуваат до ски центарот. Тоа го направи Гранит и тоа многу добро. Во истиот период се изработи проект за изградба на нов пристапен регионален пат кој што доаѓа од Демир Капија води до Крњево преку Чемерско и до Ски центарот Кожув во вкупна должина од 40 километри. Тоа е тој северен пристап.

-Но како што изградениот пат е ставен во фиока и овој проект е во фиока. Се работи исклучиво за еден проблем – затворање на Ски центарот Кожуф и отворање на рударски бизнис во најубавите предели во нашата држава, додава Наков.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − fifteen =